Свет Европа Почнува судењето на новинари во Ватикан

Почнува судењето на новинари во Ватикан

Пет лица се изведени пред судот во Ватикан под обвинение дека во јавноста оддале тајни документи за малверзација во седиштето на Католичката црква.

Пред судот се најдоа двајца новинари, два члена на папската комисија и еден асистент, јавува „Би-Би-Си“. Доколку бодат прогласени за виновни, може да бидат осудени на осум години затвор.

Медиумските организации го осудија судењето, а еден новинар го опиша како „напад на слободата на печатот“.

Новинарите Емилијано Фирипалди и Џанлуиџи Нуци во своите книги објавиле податоци за злоупотреба на хуманитарните и на другите фондови во Ватикан.
Тие изнеле обвиненија за огромни трошоци за обновување на апартманите на кардиналите и на другиот персонал.

Меѓу обвинетите е и шпанскиот свештеник Анџело Лусио Велехо Балда, неговиот секретар и италијански експерт за односи со јавноста, кој бил член на папската комисија за економски реформи.