Свет Европа Почна судењето на првоосомничениот за терористичките напади во Париз

Почна судењето на првоосомничениот за терористичките напади во Париз

Осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам на денешното прво појавување пред судот откако е испорачан во Франција, не се изјасни дали се чувствува виновен за делото за кое се товари.

Денешното рочиште во Палатата на правдата во Париз заврши откако Абдеслам „не сакаше да се изјасни“, рече еден од неговите адвокатите, Франк Бретон, додавајќи дека обвинетиот одлучил подоцна да се изјасни.

Белгиските власти го испорачаа Абдеслам на 27 април, кога беше префрлен во строго чуван затвор во предградие на Париз.

Салах Абдеслам е главен осомничен за нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица.