Македонија Почна средбата на работните групи за специјалниот обвинител

Почна средбата на работните групи за специјалниот обвинител

Започна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Средбата се одржува во Клубот на пратеници, а тема на денешниот состанок е специјалниот јавен обвинител.

Претставници на СДСМ се Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, а ДПА Имер Алиу и Беким Фазлиу.

Засега, ниту една од партиите не открива детали од работните средби. Но, според информации од преговарачките тимови, постои доближување на ставовите на владејачката партија и на опозицијата околу прашањата кои се тема на преговорите.

На средбата, која за прв пат се одржува во вечерните часови, присуствува белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.