Македонија Почна со работа кол центарот за информации поврзани со корона вирусот

Почна со работа кол центарот за информации поврзани со корона вирусот

Почна со работа владиниот кол центар за компаниите и за граѓаните, кои со повик на бројот 02/324-8040, ќе можат да ги добијат сите информации за економските и за другите мерки поврзани со КОВИД-19. Како што информира Владата, денеска е пуштен во употреба првиот контакт центар кој е наменет за поддршка на бизнисот и на граѓаните, во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

„Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економските и другите државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД -19. На LIVE Call Center – контакт линијата, која што е донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија, ќе одговара стручен тим на македонски и на албански јазик. Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот“, се вели во владиното соопштение, во кое истовремено се потсетува на донесените два сета економски мерки, со цел поголема ликвидност на бизнисот и зачувување на работните места.