Свет Европа Почна размената на заробеници во Украина

Почна размената на заробеници во Украина

На истокот на Украина почна голема размена на затвореници помеѓу украинските сили и проруските бунтовници, во која се очекува ослободување на околу 370 луѓе.

Се очекува бунтовниците да ослободат 150 затвореници, а Владата на Украина 222 заробеници.

Размената на заробениците се извршува на неутрален терен помеѓу областите што ги контролираат спротивставените страни.

Преговорите за примирје требаше да се одржат во Минск, каде се очекуваше продолжување на разговорите во петок, но тие се откажани на неодредено време.