Македонија Почна расправата за измените на законите за образование

Почна расправата за измените на законите за образование

Со 64 гласа „за“, двајца воздржани и шест „против“, пратениците во Собранието го изгласаа законот со кој се предвидува воведување академија за наставници. Пратеничката Солза Грчева кажа дека е скептична околу тоа како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби академијата на наставници.

– Академија за наставници е познат концепт. Многу европски земји имаат. Никој нема ништо против дополнителни обуки, но се плашам со вакви големи овластувања што ги имаат Владата и Министерството за образование да даваат лиценци, да не се злоупотреби оваа институција. Не сум скептична дека треба да постои, туку како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби оваа академија – истакна Грчева.

Пратениците го изгласаа и предлог-законот за наставници во основните и во средните училишта. 

Моментално трае паузата а за ручек.

Расправата во Собранието почна по протестот кој студентите го организираа пред законодавниот дом, нарекувајќи го „убиец на авотномијата на високото образование“ и по тој повод, вечерва, во 19 часот, „Професорски пленум“ организира „погребување на високото обрзование“ пред објектот на Собранието.