Дописници Почна обештетувањето во општина Чешиново – Облешево

Почна обештетувањето во општина Чешиново – Облешево

Земјоделците од општина Чешиново – Облешево почнаа да ги добиваат парите за обештетување на имотите и на посевите по поплавите од почетокот на годината. Штетите се проценети на околу 340.000 евра.

Владата вети дека ќе бидат обештетени во целосниот износ што го проценила надлежната комисија. Освен во земјоделството, штети пријавиле и 20 домаќинства, на кои им беа полавени првите катови од домовите.

Сепак, најголеми оштетувања се утврдени на инфраструктурата. Оштетени се мостови и патишта за пристап до земјоделските површини, локални патишта. Земјоделците пријавиле штети на околу 30 хектари плодно земјиште, засеано со житни култури и со луцерка.