Македонија Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, треба да разговараат за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи.

На лидерската средба, заедно со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, се и американскиот амбасадор Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

Лидерите на партиите беа придружувани од членови на нивните партии. Заев дојде заедно со Радмила Шекеринска, а Груевски со Никола Тодоров.