Хроника Починал млад затвореник во „Идризово“

Починал млад затвореник во „Идризово“

Цимерите вчеравечер го пронашле 21-годишниот затвореник А.Р. онесвестен во ќелијата, по што бил пренесен со брза помош на Токсиколошка клиника во Клинички центар, каде лекарите констатирале смрт, соопшти СВР Скопје.

За случајот полицијата била известена од затворските чувари. Телото на починатиот млад затвореник по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.