Хроника Почина велосипедистот кој настрада во сообраќајка во Скопје

Почина велосипедистот кој настрада во сообраќајка во Скопје

Почина велосипедистот кој вчера попладне беше прегазен на крстосницата на булеварот Партизански одреди со улицата Френклин Рузвелт.

Шеесет и четиригодишниот скопјанец Нинослав С. го загуби животот откако во него удрил автомобил „ауди“, управуван од 20-годишниот Е.Т. од Скопје. Тој со Итна помош беше пренесен во Ургентниот центар, каде им подлегнал на повредите.

Откако Е.Т. удрил во велосипедистот, со автомобилот потоа удрил и во автобус.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.