Македонија Почина Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо боледување

Фото: Принтскрин од гостувањето на Велибор Џаровски Џаро во „Слободен печат“ во 2023 година: https://www.youtube.com/watch?v=U7FkJNkCiVc

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи.

Токму минатата година, неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска ја промовираше биографската книга за Џаро, „Живот на коцка“, која на еден забавен начин ги носеше читателите на возбудливото патување низ животот на Џаро, кој беше еден непресушен извор и ризница на неверојатни случки.