Македонија Почина уште еден полицаец на Клиника, бројот на загинати се зголеми на...

Почина уште еден полицаец на Клиника, бројот на загинати се зголеми на шест

Бројот на загинати припадници на полицијата се зголеми на шест откако синоќа еден припадник на МВР подлегнал на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.

Вчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, изјави дека загинале пет полицајци, повредени биле 30, но дека бројот на загинати цивили сè уште не се знае.

Акцијата на полицијата во Диво Насеље во Куманово е сè уште во тек.

Неофицијално, низ медимуите се шпекулира дека ова не е конечен број на загинати.