Култура Почина Никола Симиќ

Почина Никола Симиќ

Оваа година тој два пати бил опериран од рак

По долго боледување, на 80-годишна возраст, вчера почина српскиот актер Никола Симиќ.

Симиќ е роден на 18 мај 1934 година. Негова прва љубов било сликањето, но се откажал од уметничкото училиште и му се посветил на актерството, во кое го вовел неговиот постар брат Славко.

Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград и првата улога во претставата „Оклопен воз“ на Мирослав Беловиќ ја имал уште како студент, во 1957 година, во Југословенскиот драмски театар, чиј постојан член е од 1959 година.

Во телевизиската кариера, се прослави со улогата на Димитрије Пантиќ во серијалот „Тесна кожа“, но и во сериите „Среќни луѓе“, „Семејно богатство“, „Љубов, навика, паника“…

Оваа година тој двапати бил опериран од рак. Меѓутоа, тоа не го спречувало да глуми во претставата „Болва во уво“ и во мјузиклот „Продуценти“, а беше најавено дека ќе глуми и во продолжението на филмот „Зоне Замфирова“.

Во текот на својата долгогодишна кариера, освоил низа награди како за најдобар актер така и за животно дело.