Култура Почина композиторот Сотир Голабовски

Почина композиторот Сотир Голабовски

За својата дејност добитник е на голем број стручни и општествени признанија

По долго боледување, денеска почина истакнатиот македонски композитор, музиколог и музички педагог Сотир Голабовски, соопшти Сојузот на композитори на Македонија.

Тој оствари значаен творечки композиторски опус, во кој одгласите од европската авангарда од седумдесетите години на минатиот век наоѓаа значаен одраз. Паралелно со ова беше еден од втемелувачите на современата македонска музикологија. За својата дејност, добитник е на голем број стручни и општествени признанија.

Посмртните останки на Сотир Голабовски ќе бидат изложени утре во 13 часот во капелата на гробиштата во Бутел, а погребот ќе биде извршен во 14 часот.