Спорт Спорт Македонија Почина фудбалерот Александар Пандовски

Почина фудбалерот Александар Пандовски

Фудбалерот Александар Пандовски, кој пред неколку дена имаше тешка сообраќајна несреќа, утрово им подлегнал на повредите.

Пандовски беше младински репрезентативец на Македонија, фудбалер на „Вардар“, „Работнички“ и на „Турново“, а последно настапуваше за „Еуромилк“.

Тој доживеа тешка сообраќајна несреќа откако неговиот автомобил излета од патот на излезот од Скопје и удри во столб на бензинската пумпа на „Макпетрол“.