Дописници Почина францускиот поет Ив Бонфоа, добитник на струшкиот „Златен венец“

Почина францускиот поет Ив Бонфоа, добитник на струшкиот „Златен венец“

Почина еден од најзначајните француски и современи светски поети, Ив Бонфоа, кој за своето исклучително поетско творештво беше добитник на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 1999 година.

Обемното книжевно дело на Бонфоа го сочинуваат поетски книги, студии, есеи и преводи.

За своето творештво и за книжевно-истражувачката дејност бил награден со бројни признанија.