Македонија По вчерашните протести, приведени се четири лица

По вчерашните протести, приведени се четири лица

По вчерашните протести приведени се четири лица против кои МВР поднесе прекршочни пријави, изјави денеска Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста на МВР, на одбележувањето на Денот на полицијата.

Котевски рече и дека идентификувани се уште девет учесници на протестот кои предизвикувале насилство, но сè уште се работи на квалификација на нивните дела во соработка со надлежниот јавен обвинител.

– Од останатите приведени, досега на 17 лица им се издадени глоби и поднесени им се прекршочни пријави поради непочитување наредба издадена од овластено службено лице од надлежен државен орган – истакна Котевски.