Македонија По три часа распит, Кочан си замина – најверојатно нема притвор

По три часа распит, Кочан си замина – најверојатно нема притвор

Три часа траеше распитот на бизнисменот Сеад Кочан, пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Тој, заедно со Василије Авировиќ и со уште едно лице, е осомничен во случајот „Труст“ што Специјалното јавно обвинителство го отвори во вторникот.

Зградата на судот Кочан ја напушти од споредниот источен влез и не сакаше да даде изјава.

Засега нема информации од судот каква е одлуката на судијата на претходна постапка, но со оглед дека Кочан слободно го напушти судот, најверојатно не е прифатено барањето на СЈО за одредување притвор.

Во судот сè уште е осомничениот Василије Авировиќ, чиј распит почна во 14 часот, еден час по тој на Кочан.