Македонија По синоќешниот инцидент, денеска е променета маршрутата на протестот

По синоќешниот инцидент, денеска е променета маршрутата на протестот

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

По инцидентот кој се случи синоќа кога се судрија две мали групи на граѓани, Македонци и Албанци а при што имаше и истрели од огнено оружје, организаторите на протестите против почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ најавија нова маршрута за денешниот протест.

Преку електронска пошта, во анонимна порака од „Ултиматум – не благодарам“ соопштија дека денеска протестот ќе започне во 19:00 часот пред зградата на Владата, па пред Министерството за правда и на крајот пред Собранието.

Според најавеното, демонстрантите нема да се движат кон Старата скопска чаршија и плоштадот „Скендербег“ каде вчера се случи меѓуетнички инцидент во кој активист на Алијанса за Албанците, инаку колиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, пукаше во воздух и впери оружје кон дел од топлата.

Инцидент помеѓу Македонци и Албанци во Скопје, повеќе истрели од огнено оружје

Доцна вечерта, градоначалничката на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, соопшти дека го разрешува в.д. директорот на ЈП Комунална хигиена Зуди Енузи, кој наводно е брат на лицето кое пукаше со пиштол во воздух кај плоштадот Скендербег.

Како што додаде таа, и покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од страна на Зуди Енузи, сепак нејзиниот етички кодекс не дозволувал тој да продолжи да раководи со претпријатието.