Дописници По повод 8 Март, КИЦ „Култура 365“ со подарок книга за секоја...

По повод 8 Март, КИЦ „Култура 365“ со подарок книга за секоја жена

Културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, ќе спроведе акција под мотото „Книга за секоја жена“.

Утре, во текот на целиот работен ден, секоја жена што ќе го посети КИЦ „Култура 365“ на улица Цар Самоил Охрид, ќе добие подарок книга со проза или поезија по сопствен избор.

Акцијата се спроведува со поддршка од локални автори и издавачи.