Македонија По објавата на Порталб, ЈП Тетово транспорт поставува клупи на автобуските постојки

По објавата на Порталб, ЈП Тетово транспорт поставува клупи на автобуските постојки

Фото: ЈП „Тетово Транспорт“

По неколку написи на Порталб.мк за недостатокот на клупи на автобуските постојки во Тетово и по импровизацијата од страна на граѓаните со столчиња и мебел од нивните домови, ЈП Тетово транспорт поставува клупи на овие постојки.

„Иако секојдневно се соочуваме со потешкотии и пречки во сообраќајот, ЈП Тетово транспорт во соработка со Општина Тетово денес започна со поставување на столчиња по автобуските постојки“, информираат од јавното претпријатие.

Поради недостатокот на соодветни столчиња, на некои постојки, како на пример кај постојката во близина на тетовскиот Суд, граѓаните често самоиницијативно поставуваат столчиња од домашниот мебел.

Потсетуваме дека поставувањето на столчиња по автобуските постојки беше ветување на ЈП Тетово транспорт и во септември од таму изјавија дека „по преземање на постојките, прва работа ќе биде поставувањето столчиња”.

Постојките беа поставени пред две години, при што една од нив чинеше 4,524 eвра.

Инаку, претпријатието во првите шест месеци од годината работеше со загуба. Целосниот извештај ќе можете да го прочитате утре на Порталб.мк.