Македонија По нападот, Трамп се сврте против иселеничката лотарија

По нападот, Трамп се сврте против иселеничката лотарија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го критикуваше системот за издавање имиграциона виза за САД преку „лотарија“.

По нападот со камион во Њујорк, при кој загинаа осум лица, Трамп ги обвини демократите дека се одговорни за влезот на терористите во САД.

„Терористите дошле во нашата земја преку тоа што се нарекува програма за визна лотарија“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој рече дека силно се бори имиграционите визи да се доделуваат врз основа на одредени критериуми, а не преку системот на лотарија што го воведоа демократите.

– Мораме да бидеме и поригорозни и попаметни – рече Трамп и додаде дека демократскиот сенатор Чак Шамер помогнал САД да ги „увезе економските проблеми“.

„Ќе ја запреме оваа лудост“, порача Трамп.