Македонија По две недели прекин, железничкиот сообраќај се нормализира во земјава

По две недели прекин, железничкиот сообраќај се нормализира во земјава

Договорено е раководството да ги повлече суспензиите за колегите и да нема санкција кон вработените кои стапија во бојкот пред две недели

Фото: Мета.мк

Товарниот железнички сообраќај започна да функционира од синоќа во земјава, а од вторник ќе стартуваат со сообраќај и патничките возови. Ова е договорот што го постигнаа вработените со раководството на Железници на РСМ-Транспорт. Постигнат е договор за прекин на бојкотот на машиновозачите, но и за редовност во исплаќањето на платите.

Договорено е и раководството да ги повлече суспензиите за колегите и да нема санкција кон вработените кои стапија во бојкот пред две недели, поради неисплатен втор дел од платата за јули.

Бојкотот на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт почна на 25 август, а со тоа прекинаа со сообраќање сите товарни и патнички возови во земјава. Погодени од прекинот на превозот беа компаниите кои увезуваат и извезуваат стоки со железницата, но и граѓаните од помалите населени места, особено од Азотскиот регион, на кои возовите им се единствено средство за јавен превоз со Скопје, Велес и Прилеп.