Македонија Скратени часови за учениците во Струга и во Кичево

Скратени часови за учениците во Струга и во Кичево

Училиштата без деца

Струшките основни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“ и нивните подрачни центри во селата Лабуништа, Ливадишта и Радолишта сè уште се без струја поради неисплатени долгови.

Поради тоа часовите за учениците од овие училишта се скратени по 15 минути.

Повеќе, пак,  од 1.200 ученици од Кичево веќе трета недела не следат настава затоа што училиштата нема со што да се затоплуваат.