Подглавна секција По 13 дена под урнатини, во Турција спасени три лица, меѓу кои...

По 13 дена под урнатини, во Турција спасени три лица, меѓу кои и дете

Фото: ВОА на турски јазик https://www.voaturkce.com/a/izmir-deprem-bolgesine-yardim-seferberligi/6949935.html

По 13 дена поминати под урнатини, во Антакија се спасени три лица, меѓу кои и дете. Тие поминале 296 часа заробени во срушена зграда, по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 Февруари, јави турската новинска агенција Анадолија.

Во двата земјотреси, со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала, досега загинаа повеќе од 45.000 луѓе, а бројот на жртвите се очекува да се зголемува бидејќи голем број лица сè уште се водат за исчезнати. Спасувачи од целиот свет се уште работат на расчистување на теренот и ги пребаруваат урнатините. Во земјотресите беа уништени илјадници згради, а директно беа погодени повеќе од 13 милиони луѓе.