Економија Пленарната седница за предлог-буџетот за 2017 година закажана за понеделник

Пленарната седница за предлог-буџетот за 2017 година закажана за понеделник

Пленарната седница на која пратениците треба да расправаат за предлог-буџетот за 2017 година е закажана за понеделник, 17 октомври.

По завршување на комисиската расправа, предлог-буџетот за 2017 година беше вратен на повторно разгледување во Владата, која, пак, повторно го вратила до Собранието.

Расправата за предлог-буџетот на пленарната седница може да трае најмногу пет дена.

Предлог-буџетот за 2017 година тежи 3,3 милијарди евра.