Македонија Платите во Фондот за здравство нема да се намалат, се очекува штрајкот...

Платите во Фондот за здравство нема да се намалат, се очекува штрајкот да прекине

Оваа одлука ќе трае до донесување трајно решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем, напиша директорот на ФЗОМ Абдурамани

Фото: Мета.мк

По дводневниот штрајк на вработените во Фондот за здравствено осигурување, поради одлуката за намалување на платите, донесена е одлука дека тие ќе останат со иста вредност, до 31 мај 2024 година. Ова на својот профил го напиша директорот на ФЗОМ, Асаф Абдурамани, изразувајќи благодарност до техничкиот премиер Талат Џафери.

„Денеска премиерот Талат Џафери во тесна соработка со нас од Фондот и другите надлежни институции донесовме заедничка одлука за еднаква вредност на платите (до 31 мај 2024 година). Оваа одлука ќе трае до донесување трајно решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем“, напиша Абдурамани.

Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година, со утврденото зголемување од 15 отсто. Тие од вчера стапија во штрајк, изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите за 21 отсто.

Штрајк во Фондот за здравство: Нема исплата на боледувања и на породилно отсуство