Македонија Платформата на албанските партии е значајна за Македонија, му порача Касами на...

Платформата на албанските партии е значајна за Македонија, му порача Касами на Тимоние

Претседателот на БЕСА, Билал Касами денеска на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние истакна дека платформата на албанските партии во Македонија е една многу значајна точка со која Македонија може да се врати на патот на евроинтеграциите.

Како што соопштија од Беса, на состанокот бил повторен ставот дека е време партиите да смогнат сили за имплементирање на реформите кои произлегуваат од Извештајот на Прибе, како и сите други потребни промени кои се за доброто на граѓаните.

Касами и Тимоние се согласиле дека вакви пријателски состаноци треба да продолжат и во иднина.