Култура Плакета со стихови на македонски и на шпански на поетот Василевски во...

Плакета со стихови на македонски и на шпански на поетот Василевски во Барселона

Стиховите на Василевски од македонски на шпански јазик се во превод на Марија Бежановска и Роса Енрике

Во Барселона, деновиве, на македонски и на шпански јазик, е објавена плакета со стихови на македонскиот поет и академик Ристо Василевски.

Плакетата, како што соопшти „Арка прес“, е во издание на угледниот шпански издавач „Алберт Лазаро Тинаут“ и е отпечатена во ателјето „Дигитал ворк“ во Барселона, во само 60 уметнички и графички обликувани примероци.

Стиховите на Василевски од македонски на шпански јазик ги преведоа Марија Бежановска и Роса Енрике.