Свет Балкан ПКК веројатно го урнала турскиот воен хеликоптер

ПКК веројатно го урнала турскиот воен хеликоптер

Курдската работничка партија (ПКК) најверојатно е одговорна за минатонеделниот пад на турскиот воен хеликоптер, при што загинаа осум војници, соопштија денеска турската војска.

Како што се наведува во соопштението, хеликоптерот бил погоден со ракета земја-воздух, која најверојатно била истрелана од припадници на ПКК.

Турските медиуми јавуваат дека се уште е во тек истрагата за уривањето на  хеликоптерот, кој бил во мисија.