Македонија Питер ван Хојте: Јас сум оптимист

Питер ван Хојте: Јас сум оптимист

Заврши билатералната средба на пратеникот од ДУИ, Артан Груби, со белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте.

Тие не сакаа да дадат изјава. Ван Хојте кратко рече дека е оптимист, а за друго не сакаше да коментира.

Во 16 часот белгискиот експерт ќе има средба со претставници на СДСМ.