Свет Балкан Писториус: Уште 150 војници за КФОР како јасна порака за Белград

Писториус: Уште 150 војници за КФОР како јасна порака за Белград

Германскиот министер за одбрана ја почна балканската турнеја со посета на Косово. По најновата ескалација на тензииите, тој ги повика Србите и Албанците во Косово напредокот на патот кон ЕУ да го бараат во преговори

ФОТО: Soeren Stache/dpa

Германија без какви било доцнења го остварува планот за праќање дополнителен број војици на Косово, порача при посетата на Приштина германскиот министер за одбрана Борис Писториус, известува ДПА.

Тој ги повика Србите и Албанците на деескалација и решавање на причините за тензиите преку преговори, а испрати и предупредување до Белград поради односите со Русија.

„Обуката тече со полна брзина така што ќе бидеме подготвени за задачата според планот“, рече Писториус по состанокот со косовската претседателка Вјоса Османи.

Во КФОР и советничката мисија на НАТО сега учествуваат околу 90 војници на Бундесверот (германската војска). Германија планира во април да испрати дополнителни 150 војници, со мандат од една година.

Германскиот министер за одбрана ја почна балканската турнеја со посета на Косово. По најновата ескалација на тензииите, тој ги повика Србите и Албанците во Косово напредокот на патот кон ЕУ да го бараат во преговори.

„На дневен ред сега се дијалогот и деескалацијата. Канцеларот Олаф Шолц јасно нагласи дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ и по тој пат мора да се оди“, рече Писториус.

Тој предупреди дека во вавка ситуација никој не смее да негува интереси кон заострување и најави дека во Белград отворено ќе зборува за тоа.

„Србија сака да влезе во ЕУ, исто како и Косово и другите земји на Западен Балкан. Тоа мора да ни остане заедничка цел“, порача тој.

Според него, сите мора да се придржуваат до заедничките вредности, заедничките цели и заедничката одговорност.

„Никој што не го сака тоа, не може истовремено да игра на две свадби“, рече германскиот министр за одбрана алудирајќи на односите на Србија со Русија.