Свет Европа Пилотите на „Луфтханза“ најавија штрајк

Пилотите на „Луфтханза“ најавија штрајк

Синдикатот на пилотите на „Луфтханза“ повика утре да се одржи еднодневен штрајк на долгите и на карго-линиите на германската авиокомпанија.

Германскиот синдикат „Ферајнигунг“ во текот на последните неколку месеци организираше десетина краткорочни штрајкови на синдикатот на „Луфтханза“ поради плановите да се намали платата на пилотите кои сакаат порано да се пензионираат.
Синдикатот најави штрајк со образложение дека на денешните разговори не е постигнат напредок.