Економија Пилотите и информатичарите најплатени во Македонија

Пилотите и информатичарите најплатени во Македонија

Вработените во воздухопловниот транспорт имаат просечна плата од 68.166 денари, што е највисока во Македонија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Mеѓу највисоките плати имаат компјутерските програмери, со просечна нето-плата од 50.097 денари, вработените во финансискиот сектор, односно во банките, каде што просекот е 43.740 денари, и во фармацевтската индустрија со плата од 41.619 денари.

Најмалку платени, пак, според просечната плата исплатена во ноември лани, се луѓето што се занимаваат со рибарство и со аквакултура, со месечни примања од само 12.389 денари.