Дописници Пијанистички концерт и проекција на филмот „Исправи се Делфина“ на „Охридско лето“

Пијанистички концерт и проекција на филмот „Исправи се Делфина“ на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ влегува во последната седмица од својата 40-дневна програма. Вечерва ќе има два настана – пијанистички концерт и проекција на филмот „Исправи се Делфина“.

Последната приредба е в сабота.

Во 21 часот, во црквата Св. Софија ќе настапи рускиот пијанист Петр Лаул, со дела од Ф. Шуберт и М. Мусоргски.

Во рамките на Дополнителната програма во Центарот за култура „Григор Прличев“, од 19 часот, ќе има проекција на познатиот македонски филм „Исправи се Делфина“, снимен во 1977 година во режија и според сценарио на Александар Ѓурчинов, а инспириран од препливувањето на каналот Ла Манш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи,чиј лик го игра Неда Арнериќ.