Дописници Петнаесет битолчани со зголемен крвен притисок од прејадување

Петнаесет битолчани со зголемен крвен притисок од прејадување

Лекарите од ургентното одделение на Клиничката болница во Битола, на новогодишната ноќ имале полни раце работа.

Според докторот Зоран Лазаров, специјалист по ургентна медицина, ноќеска лекарска помош побарале петмина битолчани кои претерале со алкохолот, а кај 15 лица било констатирано зголемување на крвниот притисок, најчесто поради прејадување.

Покрај тоа, шестмина битолчани дошле во болница поради повреди на телото, дел од нив предизвикани од петарди.

Најголем дел од оние кое се предозирале со алкохол биле малолетни и млади на возраст од 14 до 20 години.

А.Б.