Хроника Петмина прилепчани осомничени поради поседување наркотици

Петмина прилепчани осомничени поради поседување наркотици

Прилепската полиција поднела кривични пријави против петмина жители на градот, кои биле откриени во три одделни случаи, а се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Според полицијата, во еден од случаите, пријава е поднесена против 33-годишниот Т.Х. кај кого, кон крајот на ноември минатата година, при претрес, биле најдени околу 61 грам марихуана.

Кривична пријава е поднесена и против Г.С. (29) и А.В. (32), кои во март оваа година биле фатени со околу 6 грама марихуана во домот на еден од нив.

Третата кривична пријава, според полцијата, била поднесена против прилепчаните Ѓ.А.(41) и С.О. (42). Како што информираат оттаму, на 16 април оваа година, полициски екипи, при претрес на домот на С.О., пронашле 130 ампули диазепам и 600 таблети трамадол, кои кај него ги донела првоосомничената во случајот.