Хроника Петмина мигранти од Мароко ограбени кај Демир Капија

Петмина мигранти од Мароко ограбени кај Демир Капија

Петмина илегални мигранти завчера, во два одделни случаи, биле ограбени од вооружени разбојници во близина на Демир Капија, информира МВР.

Според полицијата, во средата, околу 13.30, три непознати лица, со закана со пиштол, извршиле разбојништво над двајца државјани од Мароко и им одзеле 1.750 евра и мобилен телефон.

Неколку часа подоцна, односно околу 20 часот, исто така во близина на Демир Капија, тројца разбојници, заканувајќи се со пиштол, ограбиле тројца илегални мигранти од Мароко, на кои им одзеле 900 евра.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.