Македонија Петковски: „Македонска банка“ е играчка во споредба со „бомбата“ на Заев

Петковски: „Македонска банка“ е играчка во споредба со „бомбата“ на Заев

Ние одиме со единствена цел да се дознае реалноста, вистината за начинот на којшто во Република Македонија се владее и, дефинитивно, да излезат на виделина сите оние сознанија за корупцијата, алчноста, криминалот, моралните димензии на луѓето што ја водат денес Република Македонија. Договорите што се прават во сферата не меѓуетничките односи, тие говорат за предавници, преговараат директно со Грција, со луѓе од најтесното раководство на Груевски, а „глумат лудило“ дека не преговараат, не разговараат, вели лидерот на НСДП, Тито Петковски во денешното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Одговарајќи на прашањето дали знае за каква „бомба“ зборува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, тој вели дека тоа значи збир на различни документи и сознанија, докази, релевантни факти, за начинот на владеење, односно за бескрупулозноста на власта во сите сфери на животот.

– Сознанието, односно аферата за Македонска банка и за „Актор“ се обична играчка во споредба со фактите со кои располага Заев – вели Петковски.