Македонија Петар Аневски повторно избран за претседател на Советот на јавни обвинители

Петар Аневски повторно избран за претседател на Советот на јавни обвинители

Досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители на Република Македонија денеска повторно беше избран за вршител на таа функција.

Седницата на која бил избран Аневски се одржала денеска, гласањето било тајно и тој добил најмногу гласови.

На предлог на Аневски, за заменик-претседател е избран Арбер Исаку.