Македонија Пет земјотреси почувствувани во Дебарско

Пет земјотреси почувствувани во Дебарско

Три посилни земјотреси, проследени со уште два со послаб интензитет, утринава се регистрирани во дебарскиот регион.
Првиот земјотрес бил почувствуван во 3.57 часот наутро, а вториот е регистриран 17 минути подоцна. Третиот земјотрес жителите на дебарскиот регион го почувствувале 6.55 часот изутринава.
Албанските медиуми јавуваат дека епицентарот на еден од земјотресите, кој бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза, кое се наоѓа на десетина километри од Дебар. Другиот потрес бил со јачина од 3,8 степени, а епицентарот се наоѓал на 52 километри југоисточно од Тирана.