Свет Пет војници се убиени при напад на милитантите во Пакистан

Пет војници се убиени при напад на милитантите во Пакистан

Исламски милитанти нападнале позиции на пакистанската војска во племенските предели долж границата со Авганистаn, убивајќи најмалку пет војници, соопшти денеска војската.

Пакистанските војници ги одвратиле војниците, кои во текот на ноќта преминале од Авганистан во племенскиот регион Мохманд, во кој од заседа нападнале три воени позиции, стои во соопштението на војската.

Се претпоставува дека десет напаѓачи се убиени пред милитантите да се повлечат преку границата.
Отцепената фракција на пакистанските талибанци, Јамаат-ул-Ахрар, ја презеде одговорноста за нападот.