Дописници Пет страници репортажа за Охрид во „Кроациан травелер“

Пет страници репортажа за Охрид во „Кроациан травелер“

Хрватско списание „Кроациан травелер“ (Croation Traveller), на дури пет страници објавува ексклузивна репортажа за Охрид, со наслов „Безвременска љубов, езеро и луѓе“.

Покрај репортажата, во истиот број е објавено и интервју на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Од локалната самоуправа посочуваат дека ваквите промоции на Охрид во странските медиуми се реализираат според претходно подготвена програма за развој и за унапредување на туризмот, која ја подготви секторот за туризам и локален економски развој.

Целта е истакнување на целокупната туристичка понуда што ја има градот, но и Охрид како дел од регионалната туристичка понуда.

Со ваков вид промоција досега градот беше презентиран во повеќе балкански и во неколку европски земји.