Свет Европа Пет повредени во пожар во центар за бегалци во Германија

Пет повредени во пожар во центар за бегалци во Германија

Пет лица се повредени во пожар во центар за бегалци во германскиот град Ротенбург, соопшти германската полиција, каде во текот на викендов пристигнаа околу 15.000 бегалци.

Две лица добиле повреди на нозете откако скокнале од прозор за да го избегнат огнот, а тројца се хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти портпаролот на германската полиција, Јозеф Хоенес.

Пожарот избил во прифатен центар каде имало повеќе од 80 лица во градот Ротенбург, во западната германска држава Баден-Виртемберг.

Причината за пожарот не е позната, а истрагата е во тек.

По повеќедневните конфронтации и хаос на железничката станица Келети во Будимпешта, Унгарија ги отвори своите граници со Австрија и неколку илјади бегалци со автобуси, возови и пеш тргнаа кон Германија, која како крајна дестинација годинава очекува доаѓање на 800.000 лица, наведува „Би-Би-Си“.