Свет Европа Пет лица загинаа во експлозија во фабрика во Португалија

Пет лица загинаа во експлозија во фабрика во Португалија

Во експлозија во фабрика за пиротехнички материјали на северот на Португалија загинаа пет лица, а три се сметаат за исчезнати, соопшти португалскиот државен секретар за внатрешни работи, Хорхе Гомез.

Повеќе од сто пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот, кој предизвикал експлозија што се случила кон крајот на денот во фабриката, која се наоѓа на подрачјето на Ламега.

Како што јавуваат локалните медиуми, сопственикот на фабриката и неговата ќерка се меѓу жртвите.