Свет Свет Пет лица загинаа при торнадо во Алабама и во Тенеси

Пет лица загинаа при торнадо во Алабама и во Тенеси

Торнадото кое помина низ американските сојузни држави Алабама и Тенеси усмрти најмалку пет лица, а причинета е голема материјална штета.

Американските власти соопштуваат дека има голем број на повредени.
Три лица загинале во округот Џексон во Алабама, а уште две лица во округот Полк во Тенеси.

Во округот Де Калб целосно е уништена детска градинка која била затворена во моментот на невремето, а повредени се неколку лица кои побарале засолниште таму.

Градот Бентон во Тенеси е наречен „зона на катастрофа“ откако торнадото го прекина дотекот на електрична енергија, а уништи повеќе станбени објекти.

Во Тенеси има неколку пожари, а градот Гатлинбург е целосно евакуиран.