Свет Балкан Пет лица се убиени и 22 се ранети при пукање во кафуле...

Пет лица се убиени и 22 се ранети при пукање во кафуле во Србија

Пет лица се убиени, а 22 се ранети синоќа во Житиште кај Зрењанин, кога З.С. (38) влегол во кафуле и пукал на гостите со автоматско оружје.

Убиецот најпрво ги убил својата сопруга и уште едно жена и продолжил да пука на луѓето кои во тој момент се наоѓале во кафулето, информира министерство за внатершни работи на Србија.

Другите три жртви им подлегнале на повредите во болницата во Зрењанин. Во нападот четири лица добиле тешки повреди, а меѓу ранетите имало и тројца малолетници.