Свет Европа Пет лица се убиени во престрелка во училиште во Канада

Пет лица се убиени во престрелка во училиште во Канада

Најмалку пет лица се убиени во престрелка во училиште во канадскиот град Ла Лок во провинцијата Саскечуан, а еден осомничен е уапсен, соопшти канадскиот премиер Џастин Тридо. Двајца од ранетите се наоѓаат во критична состојба, јавува „Ројтерс“.

– Ова очигледно е кошмар на секој родител – изјави премиерот Тридо.

Според локалните медиуми, директорот на училиштето ја известил полицијата дека има пукотници.

– Луѓето врескаа, додека во заднина се слушаше пукање. Слушнав неколку истрели пред да успеам да избегам од училиштето – изјавил десетгодишен ученик.

„Би-Би-Си“ јавува дека ова училиште го посетуваат околу 900 деца, на возраст до 12 години.