Подглавна секција Пет лица загинаа во нивниот дом во Рафах, интензивното бомбардирање продолжува

Пет лица загинаа во нивниот дом во Рафах, интензивното бомбардирање продолжува

Во меѓувреме, шефовите на хуманитарните ентитети на ОН и глобалните невладини организации ги замолија светските лидери да помогнат да се спречи натамошното влошување на кризата во Газа

Извор: Palestinian News & Information Agency (Wafa) in contract with APAimages, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=138775595

Пет лица се убиени кога дом во Рафах бил мета за време на „интензивно бомбардирање низ градот Рафах“, јави новинарот на Ал Џезира, Хани Махмуд, а пренесе „Гардијан“. Махмуд во четвртокот соопшти дека бомбардирањето се проширило во раните утрински часови и дека „гласни експлозии може да се слушнат од северниот дел на градот“ и дека звукот доаѓа од „систематското уривање домови“.

„Во текот на ноќта, гледаме напади во источниот, северниот дел, па дури и во западниот дел каде буквално стотици илјади луѓе се засолниле. Една џамија во близина беше целосно уништена. Друг дом беше цел и уништен, а пет лица беа убиени“, напишал Махмуд.

Во меѓувреме, шефовите на хуманитарните ентитети на ОН и глобалните невладини организации ги замолија светските лидери да помогнат да се спречи натамошното влошување на кризата во Газа. Тие дадоа колективен апел и изјава во која се вели дека „цивилите во Газа се во екстремна опасност додека светот гледа“. Во него се наведени десет барања „за да се избегне уште полоша катастрофа“.