Хроника Пет кривични пријави против лица вмешани во акцијата „Гора“

Пет кривични пријави против лица вмешани во акцијата „Гора“

Постапувајќи по организирана акција „Гора“, минатиот месец единицата за економски и за компјутерски криминал при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе пет кривични пријави против шест лица, поради постоење основи за сомневање дека сториле осум кривични дела.

Притоа, констатирано е дека бесправно биле исечени 30 кубни метри огревно дрво, а причинетата штета е проценета на 196.000 денари.